Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Судењето на Шешељ во Хаг одложено

18/03/2010

ХАГ, Холандија -- Судењето на водачот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ беше одложено до понатамошно известување, поради здравствените проблеми на четворицата преостанати сведоци, објави Трибуналот на ОН за воени злосторства во средата (17-ти март). Обвинителството се надеваше дека ќе го заврши испрашувањето до крајот на овој месец. Шешељ е обвинет за воени злосторства врз несрпското население во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина меѓу 1991 и 1993 година.

Во другите вести од средата, српските обвинители ги отфрлија обвиненијата за предавство против поранешниот генерал на Југословенската народна армија, Владо Трифуновиќ, и четворица други офицери. Трифуновиќ беше обвинет од режимот на Слободан Милошевиќ бидејќи ја напуштил армиската база во хрватскиот град Вараждин на почетокот од конфликтот во периодот 1991-1995 година, за да ги спаси животите на неговите војници таму. (Фена, Бета, Срна, Вечерње новисти, Бета, Танјуг, Б92, АП - 17/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's