Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Јоциќ нема да сведочи во судскиот процес за убиство во Хрватска

18/03/2010

ЗАГРЕБ, Хрватска - Српскиот „бос“ на дрогата Сретен Јоциќ нема да сведочи на судењето кое е моментно во тек во Загреб за убиството на познатиот хрватски издавач и новинар Иво Пуканиќ, објави во средата (17-ти март) загребскиот жупански суд. Судиите истакнаа дека Јоциќ ќе се соочи со обвиниенија во врска со убиството во Белград. Обвинителството вели дека Јоциќ го организирал убиството на Пуканиќ, плаќајќи 1,5 милиони евра да биде убиен новинарот кој пишуваше за шверцот. Пуканиќ, косопственик и главен уредник на неделникот „Национал“, загина во напад со автомобил-бомба во центарот на Загреб на 23-ти октомври 2008 година, заедно со маркетинг-директорот на весникот, Нико Фрањиќ. (Бета, ХРТ, Б92 - 17/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's