18/03/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Комесарот за проширување на ЕУ, Стефан Филе, во средата (17-ти март) ја изрази поддршката на Европската комисија (ЕК) за интеграцијата на Србија во ЕУ. По разговорите со премиерот Мирко Цветковиќ во Белград, Филе рече дека иако Србија се соочува со многу предизвици и задачи, ЕК е подготвена да помогне ако Белград е целосно решен. Филе додаде дека Србија треба да ја задржи позитивната динамика постигната на крајот од минатата година. Што се однесува до Косово, Цветковиќ побара од блокот да излезе со техничко решение, за да биде учеството на Приштина во меѓународните состаноци со неутрален статус. (Бета, Танјуг - 17/03/10)