Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Филе сака подобра политичка клима во Албанија

18/03/2010

TИРАНА, Албанијa -- Комесарот за проширување на ЕУ, Стефан Филе, ги повика албанските политичари во средата (17-ти март) да го решат тековниот ќор-сокак што е можно поскоро. Повикот беше упатен во вид на изјава издадена од страна на делегацијата на ЕУ во Тирана, пред планираната посета на Филе в петок. „Ќе ги повикам сите политички водачи да работат заедно за да може Албанија целосно да ги спроведе потребните реформи за ... својата европска аспирација“, рече Филе. Тој мислеше на парламентарниот бојкот кој опозициската Социјалистичка партија (СП) делумно го прекина неодамна.

Известувачката на Европскиот парламент за визната либерализација, Тања Фајон, исто така, апелираше до СП во средата да учествува целосно во парламентот. Говорејќи од Стразбур, таа ги повика пратениците да покажат политичка зрелост во време кога процесот на визната либерализација на државата со ЕУ влегува во клучна фаза. Иако СП официјално го прекина шестмесечниот бојкот поради, како што смета, фалсификуваните избори во јуни 2009 година, членовите присуствуваат на седниците само селективно. (Лајмфундит, Шекули, Балкан веб, Топ ченал - 17/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's