18/03/2010
БРИСЕЛ, Белгија -- Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во средата (17-ти март) рече дека ќе ја разгледа можноста да побара финансиска помош од ММФ ако биде потребно. „Ако утврдиме дека мораме да земеме кредити од финансиските пазари со исклучително високи камати за да го финансираме грчкиот долг, ќе ги разгледаме сите опции“, изјави Папандреу на прес-конференцијата со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во Брисел. Сепак, тој посочи дека Атина го претпочита решението на ЕУ. Баросо рече дека веќе гледа промена во тешката економска ситуација на Грција, во споредба со пред неколку недели, благодарение на владините напори.
Во Берлин во средата, германската канцеларка Ангела Меркел изјави во парламентот дека треба да има механизам за протерување на членките од еврозоната кои постојано ги кршат финансиските правила. Таа потврди дека Германија планира не „избрзана“ финансиска помош за Грција, и рече дека нема алтернатива за грчкиот план на штедење. (AНА-МПА, ББС, Ксинхуа, Јуропиан војс, АП - 17/03/10)