Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Соборениот тајландски премиер заврши во Црна Гора

18/03/2010

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Властите во средата (17-ти март) потврдија дека соборениот тајландски премиер Таксин Шинаватра е црногорски државјанин и дека моментно се наоѓа во државата. Медиумите објавија на крајот од неделата дека Шинаватра бил забележан во Будва. Иако тој е баран од властите во неговата држава, каде што беше осуден во отсуство на две години затвор за корупција, црногорската полиција вели дека тие немаат причина да го уапсат. Шинаватра е сменет во воениот удар во 2006 година поради обвинувањата за корупција и злоупотреба на функцијата. Тој доби црногорско државјанство и пасош минатата година. (РТЦГ, Кафемонтенегро, ББС, Ројтерс - 17/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's