Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Пропадна самитот за романските уставни измени

16/03/2010

БУКУРЕШТ, Романија -- Самитот на парламентарните партии во кабинетот на претседателот Трајан Башеску пропадна во понеделникот (15-ти март), кога опозициската Социјалдемократска партија и Национал-либералната партија заминаа порано. Тие се противат на планот на Башеску за претворање на дводомниот парламент во еднодомен, со намалување на бројот на пратениците од 471 на 300. Јавноста ја поддржа идејата за необврзувачки референдум на крајот од минатата годијна, но за да биде усвоен уставен амандман, потребно е двотретинско мнозинство во парламентот. Опозициските партии велат дека измената ќе ја поткопа улогата на парламентот и ќе му даде на претседателот повеќе ингеренции. Владејачката Либерал-демократска партија го поддржува предложениот амандман. (Eвениментил зилеи, Гандул, Котидианул, Адеварул - 16/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's