16/03/2010
СКОПЈЕ, Македонија -- Годишен состанок на директорите на царинската администрација беше отворен во понеделникот (15-ти март) во Охрид. Конференцијата беше организирана од македонската царинска администрација, под покровителство на Светската царинска организација (ВЦО). Присутни беа генералниот секретар на ВЦО Кунио Микурија и царинските директори на 52 држави во Европа и Азија. (МИА, Макфакс, МРТ - 15/03/10)