16/03/2010
ВИЕНА, Австрија -- Претседателот Хајнц Фишер во понеделникот (15-ти март) рече дека Хрватска е можно да ги заокружи своите разговори со ЕУ до крајот на оваа година и да пристапи во блокот во 2012 година. По разговорите со хрватскиот колега во посета на земјата, Иво Јосиповиќ, Фишер истакна дека ова сценарио би било добро како за регионот, така и за ЕУ. Јосиповиќ й се заблагодари на Австрија за нејзината поддршка и вети дека Загреб ќе ги спроведе реформите потребни за ЕУ, особено оние кои се однесуваат на судството и јавната администрација. (ХИНА, Вјесник, Вечерњи лист - 15/03/10)