16/03/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Високиот суд осуди двајца поранешни војници од хрватските Срби во понеделникот (15-ти март) за воени злосторства врз цивили за време на војната во Хрватска во периодот 1991-1995 година. Пане Булат беше осуден на 15 години затвор, а Раде Вранешевиќ доби 12 години за убиството на пет постари жени и еден маж во Босански Ковачевиќ во 1992 година. (Бета, РТС, Б92, АП - 15/03/10)