16/03/2010
ПРИШТИНА, Косовo -- Американскиот амбасадор Кристофер Дел во понеделникот (15-ти март) ја повика јавноста да се вклучи повеќе во борбата против корупцијата, наместо да чека меѓународната заедница да го прави тоа. Тој говореше во Приштина на почетокот од двонеделната обука спонзорирана од САД, за формирање оперативни сили за борба против трговијата со луѓе, дрога и корупцијата. Никој не смее да е над законот, рече Дел, додавајќи дека владеењето на правото треба да му загарантира секому пристап до правдата. (Кохавижн, Телеграфи, Косова прес, Зери, РТК - 15/03/10)