16/03/2010
БРИСЕЛ, Белгија -- Членот на Европскиот парламент (ЕП) Јелко Кацин испрати писмо до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, и комесарот за проширување на ЕУ, Стефан Филе, во кое се вели дека Босна и Херцеговина (БиХ) ги исполни сите технички услови за вклучување во безвизниот режим на ЕУ, објавија локалните медиуми во понеделникот (15-ти март). Кацин й сугерираше на Европската комисија да предложи укинување на визите за граѓаните на БиХ оваа пролет. (Дневни аваз, Фена, Б92, Фонет - 15/03/10)