16/03/2010
ТИРАНА, Албанијa -- Владата комплетираше уште девет поглавја од прашалникот на Европската комисија во понеделникот (15-ти март), услов за разгледување на апликацијата на Албанија за кандидатски статус во ЕУ. Со ова се комплетирани вкупно 30 поглавја, и ќе следат уште пет. Владата се надева дека ќе ги заврши и тие до крајот на овој месец. (Aлсат, Клан, Топ ченал - 15/03/10)