Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Министрите за финансии на ЕУ разговараа за Грција

16/03/2010

БРИСЕЛ, Белгија -- Министрите за финансии на ЕУ се состанаа во вторникот (16-ти март) во Брисел, на разговори околу ситуацијата во Грција, чии официјални претставници треба да претстават детален план на мерки за борба против финансиската криза. Доцна во понеделникот, министрите за финансии на Еврогрупата разговараа, исто така, за ситуацијата. Претседателот Жан-Клод Јункер по состанокот изјави само дека е постигнат договор за евентуален пакет за помош на Грција, но одби да даде други детали. Јункер, исто така, не сакаше да коментира околу извештаите дека ЕУ ќе обезбеди 25 милијарди помош за Грција. Австрискиот министер за финансии, Јозеф Прол, рече дека техничките услови се определени, така што Грција може да ја добие помошта во секој момент, макар што Атина сé уште не побарала ништо.

Во меѓувреме, АДЕДИ, синдикатот кој ги претставува државните службеници во Грција, во понеделникот објави дека планира уште еден 24-часовен штрајк -- или овој месец или следниот -- во знак на протест поради плановите за штедење на владата. Митингот е планиран за вторник во Атина. (Tа Неa - 16/03/10; Би-Би-Си, Ксинхуа, Ројтерс, ДПА, ИТАР-ТАСС - 15/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's