16/03/2010
AНКАРА, Турција -- Министерот за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, во понеделникот (15-ти март) побара од ЕУ да го укине визниот режим за турските граѓани. Тој го побара ова за време на состанокот со комесарот за проширување на ЕУ, Стефан Филе, кој беше во посета на Анкара за првпат откако беше избран на функцијата. ЕУ ги укина визите за три други држави -- Македонија, Србија и Црна Гора -- во декември. Филе рече дека Турција мора најпрво да исполни два услови: да ги стандардизира пасошите за да бидат компатибилни со системот на ЕУ, и да ја зајакне соработката во спречувањето на нелегалната имиграција за државите на ЕУ преку Турција. Филе и Давутоглу, исто така, разговараа за отворање на турскиот воздушен простор и пристаништа за кипарските авиони и бродови, и други протоколи за нормализирање на односите со Кипар, потег кој е од клучно значење за унапредување на кандидатурата за членство во ЕУ на Турција. Анкара не сака да го стори тоа додека ЕУ не ја прекине економската изолација на кипарските Турци. (Заман - 16/03/10; AФП, Хуријет, новинска агенција Анадолу - 15/03/10)