15/03/2010
СОФИЈА, Бугарија -- Премиерот Бојко Борисов не го поддржа предлогот за зголемување на придонесите за здравственото осигурување од 2 на 10 отсто, барајќи наместо тоа алтернативен план за зајакнување на финансирањето на системот на здравствена заштита, објавија локалните медиуми во неделата (14-ти март). Новата опција е за владата да прекине со плаќање придонеси за социјално и здравствено осигурување на цивилните службеници, почнувајќи од април. Според весникот Сега, околу 150.000 вработени во јавниот сектор ќе бидат опфатени со мерката, што ќе ги намали буџетските трошоци за околу 70 милиони евра. (Сега, Дневник - 14/03/10)