15/03/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Градоначалникот на Штерпце/Штрпце, Братислав Николиќ, во неделата (14-ти март) рече дека нема да ја промени својата политика и покрај пукањето на неговата куќа од страна на вооружени лица. „Овој чин го направија луѓе кои не ги поддржуваат добрите идеи, туку сакаат да ги плашат луѓето кои добро работат“, рече Николиќ, еден ден по инцидентот. Нема извештаи за повредени или материјална штета. Полицијата уапси двајца осомничени. Николиќ беше избран на општинските избори во ноември 2009 година како кандидат на Српската либерална партија. Досега тој беше игнориран од српските паралелни структури кои се активни во малиот град во изминативе десет години.. (Зери, РТК - 15/03/10; Кохавижн, Телеграфи 13/03/10)