15/03/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во неделата (14-ти март) рече дека Србија ќе учествува на сите регионални состаноци на кои учествува и Косово, сé додека тоа е во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ЕУ 1244. Во изјавата за новинарите по разговорите со унгарскиот колега Лажло Сољом во Нови Сад, Тадиќ рече дека тоа ќе важи за престојниот форум на ЕУ и Балканот во Словенија. Тој истакна дека Србија нема никогаш да ја признае независноста на Косово, ниту имплицитно, ниту експлицитно. Неговиот кабинет во неделата објави дека учеството на Србија на форумот e сé уште неизвесно, поради претставувањето на Косово. Што се однесува до односите меѓу Унгарија и Србија, Тадиќ и Сољом рекоа дека се добри. Сољом рече дека унгарското малцинство во Војводина придонесува за интегративните напори на Србија за ЕУ и дека Будимпешта ќе стори сé што може за да й помогне на Србија да влезе во блокот. (Бета, РТС - 14/03/10)