15/03/2010
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Владата на Република Српска (РС) планира да предложи воспоставување специјални односи со Подгорица, изјави премиерот на РС Милорад Додик во интервју за подгоричкиот весник „Дан“ во саботата (13-ти март). Додик рече дека официјалната понуда за зајакнување на врските ќе следи. РС веќе потпиша договор за специјални односи со Србија. Додик ја критикуваше резолуцијата на српскиот парламент која се очекува да биде наскоро усвоена, а во која се осудуваат воените злосторства извршени во Сребреница во 1995 година. Додик рече дека тоа е неприфатливо за РС, посебно истакнувајќи дека една ваква резолуција не треба да го вклучува зборот „геноцид“. (Дан, Кафемонтенегро, Фена - 13/03/10)