15/03/2010
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Полицијата уапси етнички Србин осомничен за воени злосторства извршени за време на конфликтот во периодот 1991-1995 година, објавија медиумите во неделата (14-ти март). Никола Ковачевиќ (60) беше уапсен во саботата на границата со Босна и Херцеговина. Тој беше баран од Загреб во врска со убиствата на повеќе од 56 хрватски цивили во 1991 година. Ковачевиќ живеел во Србија во изминативе 15 години. (Јутарњи лист, Фонет, АФП - 14/03/10)