15/03/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во неделата (14-ти март) рече дека Србија нема да ја одбие екстрадицијата на поранешниот член на претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Ејуп Ганиќ во Сараево, истакнувајќи дека најважно е Ганиќ да биде суден. За време на церемонијата по повод одбележувањето на 20-тата годишнина од Српското движење за обнова, Тадиќ рече дека сите осомничени за воени злосторства мора да се соочат со правдата. Ганиќ беше уапсен на 1-ви март на лондонскиот аеродром Хитроу, врз основа на потерницата издадена од страна на Белград. Тој подоцна беше ослободен со кауција, во очекување на рочиштето за екстрадиција. Србија сака да го суди Ганиќ во врска со нападот од мај 1992 година во Сараво, врз конвој на Југословенската народна армија, при кој загинаа повеќе од 40 војници. БиХ, исто така, бара негова екстрадиција. (РТС, Танјуг, Фена, Дневни аваз, РТРС - 14/03/10)