15/03/2010
АНКАРА, Турција -- Еден војник беше убиен, а друг беше повреден во судир со членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција во неделата (14-ти март). Инцидентот се случи во провинцијата Хакари, во близина на границата со Иран и Ирак, кога група бунтовници нападна воен конвој. (Јени Сафак, Ватан - 15/03/10; Ројтерс, Хуријет, Ворлдбулетин, новинска агенција Анадолу - 14/03/10)