Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Министрите за финансии на Еврозоната ќе разговараат за грчкиот план

15/03/2010

БРИСЕЛ, Белгија -- Министрите за финансии на Еврозоната ќе се состанат во Брисел во понеделник (15-ти март), на разговори околу планот за одговор на финансиската криза на Грција. Според извори цитирани во медиумите, ЕУ го разгледува пакетот помош од околу 25 милијарди евра. Сепак, не се согласни сите. Германија тврди дека Грција води економска политика која ги крши стандардите на ЕУ. Во неделата француската министерка за финансии, Кристин Лагард, рече дека не очекува одлука за евентуален пакет помош за Грција на состанокот во понеделник. Се споменуваат три опции за нудење помош. Првата би била воспоставување Европски финансиски фонд -- врз основа на моделот на ММФ -- кој ќе биде финансиран од членките на ЕУ и под контрола на Европската комисија. Вториот вклучува емисија на специјална обврзница на ЕУ, а третиот бара помош од ММФ. (ИТАР-ТАСС, БТА, Гардијан, Етнос - 15/03/10; Ројтерс - 14/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's