15/03/2010
AНКАРА, Турција -- Началникот на Генералштабот, Илкер Басбуг, во неделата (14-ти март) ги негираше медиумските шпекулации дека голем број армиски команданти се заканиле со оставка. Извештаите за ова се појавија откако десетици офицери беа уапсени на крајот од февруари, под сомневање дека ковале заговор за државен удар во 2003 година, познат како „Чекан“. (Ројтерс, Милијет - 14/03/10)