14/03/2010
AТИНА, Грција -- Претседателот Каролос Папуљас поднесе свечена заклетва во петокот (12-ти март) за вториот мандат, на инаугуративната церемонија во парламентот, на која присуствуваше премиерот Јоргос Папандреу и сите 300 пратеници. Папуљас (81) вети дека ќе го штити уставот и законите на државата, нејзината независност и интегритет, и дека ќе работи за доброто и интересите на сите Грци. Признавајќи ја сериозната финансиска криза, тој рече: „Не чека долг пат и тешка работа, но се надевам дека грчкиот народ ќе успее да гледа храбро на тоа“. (Катимерини - 13/03/10; AНА-МПА, Ксинхуа, ДПА - 12/03/10)