14/03/2010
СОФИЈА, Бугарија -- Претседателот Георги Парванов, во петокот (12-ти март) свика прес-конференција, на која ја осуди процедурата на интерпелација иницирана против него од страна на владејачката партија Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ). Се работи за одлуката на Парванов да го снима разговорот што го водел со министерот за финансии, Симеон Џанков, претходно овој месец, без да го информира Џанков дека е сниман. ГЕРБ вели дека кршењето на овој закон претставува прекршок за интерпелација. Парванов на новинарите во петокот им рече дека еден ваков конфликт меѓу институциите само ќе ги попречи напорите за решавање на поголеми прашања. Тој ги критикуваше некои економски политики на владата предводена од ГЕРБ и во еден момент изгледаше како да предлага дека Џанков треба да поднесе оставка, индиректно посочувајќи дека должината на бугарската криза е директно поврзана со мандатот на Џанков. (БНТ, Дарик, Дневник, Фокус - 12/03/10)