Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Хрватска го осуди убиецот на ќерката на познатиот адвокат

14/03/2010

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Судот во Загреб во петокот (12-ти март) осуди маж за убиството на младата адвокатка во 2008 година, кое тогаш доведе до смена на министрите за правда и внатрешни работи на државата. Младен Слогар беше осуден на 30 години затвор за „тешко убиство предизвикано од сурова одмазда“. Ивана Ходак (26) беше убиена во ходникот на својата зграда во октомври 2008 година. Нејзиниот татко, Звонимир Ходак, е познат адвокат. Обвинителите велат дека бездомникот Ходак ја убил жената откако нејзиниот татко не му ја обезбедил работата што му ја ветил. Убиството, кое се случи на сред бел ден, доведе до итна оставка на министерот за внатрешни работи, Берислав Рончевиќ, министерката за правда, Ана Ловрин, и началникот на загрепската полиција, Маријан Бенко. (АП, Кроејшн тајмс, Вечерњи лист, Индекс, Јутарњи лист - 12/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's