Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Албанија вети дека ќе ги испита сомневањата за шверц со органи

14/03/2010

БЕЛГРАД, Србија -- Албанскиот министер за надворешни работи, Илир Мета, во петокот (12-ти март) ја заврши дводневната посета на Белград, велејќи дека неговата држава е подготвена да отпочне темелна истрага за наводниот шверц со органи, отстранети од српските затвореници во текот на борбите кои завршија во 1999 година. Обвинувањата дека припадниците на Ослободителната војска на Косово киднапирале цивили за време на војната за да им ги отстранат органите, за првпат се појавија во книгата на Карла дел Понте, поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал за воени злосторства. Мета во петокот рече дека е време да се стави крај на тврдењата на Дел Понте. (AФП, АНСА, Албанијан тајмс - 12/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's