Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Србија испитува осомничени за воени злосторства во Косово

14/03/2010

БЕЛГРАД, Србија -- Обвинителството за воени злосторства во саботата (13-ти март) објави дека испитува 26 лица осомничени дека извршиле злосторства врз Албанците во Косово во 1999 година. Девет други лица беа уапсени во петокот во Србија за овие воени злосторства, конкретно за грабеж и убиства на преку 200 Албанци во мај 1999 година во селата во близина на Пеќ, во западно Косово. Дваесет и шест се осомничени за убиствата на 41 лице во едно село на 14-ти мај 1999 година. Сите осомничени биле или членови на српската паравоена единица наречена „Чакали“ или резервни полицајци. (AФП - 13/03/10; AФП, Б92, АП, ВоА, ДПА - 12/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's