14/03/2010
СКОПЈЕ, Македонија -- Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и нејзиниот српски колега, Ивица Дачиќ, во петокот (12-ти март) ветија дека ќе ја зајакнат соработката против бранот баратели на азил од нивните држави, кои се обидуваат да се преселат во земјите-членки на ЕУ. „Ќе испитаме дали има некакви траги што ќе водат до организиран криминал во овој процес“, рече Дачиќ по состанокот со Јанкуловска во Скопје. Автобус Македонци и Срби кои бараа азил во Белгија пристигнаа дома во четвртокот. Групата беше екстрадирана за кршење на правилата на безвизниот режим со ЕУ. Бран македонски и српски државјани бараа азил во Белгија и Шведска откако двете балкански држави добија безвизен режим со ЕУ во декември. Повеќето од нив ги наведоа економските причини за нивните барања, аргумент што властите во Белгија доследно го отфрлаат. (AФП, МИА, Ксинхуа, Танјуг, Б92 - 12/03/10)