14/03/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Националистичка група, која се нарекува 1389 година, залепи постери во чест на бегалецот обвинет за воени злосторства Ратко Младиќ, по должината на една улица во центарот на Белград, во петокот (12-ти март). Постерите, на кои пишуваше „Булевар Ратко Младиќ“ беа поставени врз постојните сигнали долж улицата именувана по Зоран Ѓинѓиќ, првиот продемократски претседател на Србија, на седмата годишнина од атентатот врз Ѓинѓиќ. Постерите беа отстранети за кусо време. (AП, Б92, Блиц, Мондо, Студио Б - 12/03/10)