Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Член на претседателството на БиХ се закани со оставка поради Ганиќ

14/03/2010

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Српскиот член на претседателството Небојша Радмановиќ во петокот (12-ти март) се закани дека тој и другите Срби е можно да поднесат оставки од владата поради бошњачката поддршка за поранешниот член на претседателството Ејуп Ганиќ. Ганиќ беше уапсен на 1-ви март на лондонскиот аеродром Хитроу, врз основа на меѓународната потерница издадена од Белград. Тој подоцна беше ослободен со кауција, во очекување на рочиштето за екстрадиција следниот месец. Србија сака му суди на Ганиќ за нападот од мај 1992 година во Сараево врз конвој на Југословенската народна армија, при кој загинаа повеќе од 40 војници. Бошњачкиот член на претседателството Харис Силајџиќ отворено ја критикуваше Велика Британија за наводниот лош третман на Ганиќ додека бил во притвор, а потоа отпатува за Лондон да ја покаже својата поддршка за поранешниот претседател. За време на престојот таму, Силајџиќ се состана со британскиот секретар за надворешни работи, Дејвид Билибенд, и побара од него да се извини за начинот на кој бил третиран Ганиќ. Радмановиќ во петокот рече дека Силајџиќ не се консултирал со другите двајца членови на трипартитното претседателство пред да отпатува за Лондон. (AП, Б92, Бета, СРНА, АФП - 12/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's