12/03/2010
AНКАРА, Турција -- Еден тинејџер почина, а двајца други беа сериозно повредени од експлозија на нагазна мина во југоисточна Турција во четвртокот (11-ти март). Истата се случи во пасиште за крави во близина на градот Улудере, во провинцијата Сирнак. Починатото момче имало 16 години, другите двајца имаат по 13 години. (Доган, Хуријет, МИА - 11/03/10)