Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Maкедонските водачи разговараа за уставните измени

12/03/2010

СКОПЈЕ, Македонија -- Водачите на државата во четвртокот (11-ти март) се состанаа на разговори околу повеќе уставни амандмани, како што се измените на формулата која се користи за избор на членовите на Државниот судски совет, совет кој има 15 членови -- осуммина избрани од судиите, тројца од парламентот и двајца номинирани од претседателот. По состанокот премиерот Никола Груевски рече дека другите предложени измени ќе бидат да се елиминира застапеноста на Министерството за правда во советот и да се скрати мандатот на членовите на советот, кој моментно изнесува шест години. Груевски рече дека целта на предложените амандмани е зајакнување на судската независност и ефикасност. (Дневник, Утрински весник, Вечер - 12/03/10; Сител, МИА - 11/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's