12/03/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Министерството за внатрешни работи во четвртокот (11-ти март) го објави апсењето на Миливоје Зарубица-Пуја, озлогласениот „Балкански крал на трговијата со луѓе“. Зарубица-Пуја (45) е уапсен во село во близина на градот Куршумлија, во јужна Србија, при што со себе носел лажни документи за лична идентификација. Полицијата верува дека тој поминал некое време во Ниш и Лесковац под лажно икме, каде што бил вклучен во нелегална трговија со археолошки артефакти. Зарубица-Пуја најпрво беше уапсен во 1999 година, за време на полициската операција во Ресник, каде што 46 девојки кои само што требало да бидат нелегално пренесени, биле пронајдени и околу 180.000 германски марки беа конфискувани. Неколку обвиненија беа поднесени против него во тој случај, вклучително и за трговија со луѓе и тој беше осуден на четири години затвор. Тој не се појави на судењето и оттогаш се трагаше по него. (Прес онлајн, Танјуг, Блиц, МИА - 11/03/10)