12/03/2010
СКОПЈЕ, Македонија -- Првиот автобус со Македонци и Срби кои бараа азил во Белгија, пристигна дома во четвртокот (11-ти март). Групата беше екстрадирана заради кршење на правилата на безвизниот режим на ЕУ. Бран македонски и српски државјани почнаа да бараат азил во Белгија и Шведска откако двете балкански држави добија безвизен режим со ЕУ во декември. Повеќете од нив ги наведоа економските причини за нивните барања, аргумент кој властите во Белгија доследно го отфрлаат. (Ксинхуа, Б92, МИА - 11/03/10)