Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Косовска агенција вели дека јавните тендери поттикнуваат корупција

12/03/2010

ПРИШТИНА, Косово -- Антикорупциската агенција во четвртокот (11-ти март) соопшти дека јавните тендери претставуваат сериозен извор на корупција. Претставувајќи го извештајот за активностите на агенцијата во 2009 година, директорот Хасан Претени ги наведе неефикасноста на канцеларијата за јавни набавки и судот како сериозни области на загриженост во борбата против митото. Претени предупреди дека актуелната легислатива за јавните набавки ги штити владините претставници, што ги спречува истрагите за нивната наводна вмешаност во случаите на корупција. Претени, исто така, објави дека бројот на случаите на корупција објавени во 2009 година порасна за скоро 35 отсто, во споредба со претходната година. (Коха Диторе, Косова Сот, Експрес - 12/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's