12/03/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Меѓународната организација за слобода на медиумите „Новинари без граници“ е загрижена поради бранот закани против новинарите во Косово и инсистира на тоа европските власти да го решат прашањето преку ЕУЛЕКС, објавија локалните медиуми во петокот (12-ти март). Набљудувачката група изрази загриженост во извештајот обвинувајќи ја полицијата дека се обидува да скрие неколку случаи на закани врз новинари. Додека владиниот портпарол Мемли Красниќи изрази резервираност во врска со извештајот, ЕУЛЕКС вели дека е вознемирен од заклучоците. (Зери, Коха Диторе, Лајм, Експрес - 12/03/10)