12/03/2010
ТИРАНА, Албанија -- Парламентот во четвртокот (11-ти мај) едногласно ја усвои резолуцијата за визната либерализација за албанските граѓани кои патуваат во земјите на ЕУ. Во документот се повикува Брисел да го комплетира процесот на либерализација оваа година. Пратениците на Социјалистичката партија (СП) присуствуваа на седницата и гласаа, со што ги прекорија владините претставници кои ги обвинија за попречување на слободното движење на Албанците. СП неодамна го заврши шестмесечниот бојкот на парламентот поради, како што смета, наместените избори во јуни 2009 година. (Tоп ченал, ВоА, Лајмифундит, Алсат - 11/03/10)