12/03/2010
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Претседавачот на претседателството Харис Силајџиќ во четвртокот (11-ти март) ја повикаа Велика Британија да му се извини на поранешниот претседател на БиХ Ејуп Ганиќ за „лошиот третман“, додека бил во притвор. Ганиќ беше уапсен на 1-ви март на лондонскиот аеродром Хитроу, врз основа на потерницата што ја издаде Белград. Тој беше ослободен со кауција во четвртокот, во очекување на рочиштето за екстрадиција следниот месец. Судиите, кои првично одбија да го ослободат Ганиќ, се согласија откако некој опишан како „добронамерник ... со значителни средства“ плати висока кауција како гаранција. Србија сака да го суди Ганиќ во врска со нападот од мај 1992 година во Сараево против конвој на Југословенската народна армија, при кој загинаа повеќе од 40 војници. Силајџиќ се пожали дека додека бил во британскиот притвор, на Ганиќ му биле одземени некои права, вклучително и правото на пристап до телефон, конзуларна помош, како и дека три дена не му бил даван неговиот лек. Канцеларијата за надворешни работи и Комонвелтот во Лондон не излезе со коментар. (ББС - 11/03/10)