12/03/2010
НИКОЗИЈ, Кипар -- Телото на поранешниот претседател Тасос Пападопулос беше повторно закопано во четвртокот (11-ти март), три месеци откако беше украдено од неговиот гроб во Никозија. На кусата церемонија присуствуваа стотици пријатели на семејството и поддржувачи на починатиот претседател, чии посмртни останки беа откриени минатата недела. Полицискиот портпарол Михалис Кацунотос во четвртокот објави дека е уапсен и четвртиот осомничен во врска со кражбата. Полицијата соопшти дека мотивот бил откуп, кој семејството одбило да го плати. (Сајпрус мејл - 12/03/10; AП, АФП - 11/03/10)