12/03/2010
ЉУБЉАНА, Словенија -- Владата усвои декларација за државите од Западен Балкан и патоказот за активностите на Љубљана за зајакнување на регионалните односи и соработката доцна во четвртокот (11-ти март). Министерот за надворешни работи, Самуел Збогар, рече дека документот го опишува Западен Балкан како дипломатски приоритет. Ќе биде формирана специјална комисија за Западен Балкан, која ќе изготви акционен план за Словенија во рамките на регионот, и ќе биде назначен национален координатор кој ќе ги следи активностите на Љубљана во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Документот сега оди во парламентот на одобрување. (СТА, Сител, МИA - 12/03/10)