Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Пахор: Косовско-српските разговори се „невозможна мисија“

12/03/2010

ЉУБЉАНА, Словенија -- Премиерот Борут Пахор вели дека се надева дека ќе ги седне водачите на Србија и Косово заедно, на самитот ЕУ-Балкан, кој Словенија го организира со Хрватска на 20-ти март. Сепак, Пахор во четвртокот (11-ти март) ги опиша овие напори како „невозможни до одреден степен“. „Многу луѓе веруваат дека ако некој може да направи нешто, тоа сме ние“, изјави Пахор за новинарите по неделната седница на владата во Љубљана. Пахор и неговата хрватска колешка, Јадранка Косор, одлучија во јануари да организираат конференција во обид за забрзување на интеграцијата на регионот во ЕУ. Српските водачи велат дека нема да присуствуваат на ниеден настан кој ќе ги вклучува и водачите на Косово, поради тоа што сметаа дека тоа би било де факто признавање на независноста на Косово. (AФП, Б92, Бетa- 12/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's