12/03/2010
СТОКХОЛМ, Шведска -- Турција го отповика својот амбасадор во Шведска откако пратенциите одобрија резолуција во која се опишуваат како геноцид убиствата од Првата светска војна на стотици илјадници Ерменци од страна на Отоманската империја. Гласањето во шведскиот парламент во четвртокот (11-ти март) заврши со 131 наспрема 130 гласови, истата разлика од еден глас како и во американската конгресна комисија минатата недела. Како што стори и по гласањето на комисијата на американскиот дом за слична ваква резолуција, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ја критикуваше шведската резолуција, велејќи дека „е заснована на големи грешки и дека нема основа“.Тој, исто така, ја откажа планираната посета на Стокхолм следната недела. Шведскиот премиер Карл Билт гласањето во четвртокот го опиша како „грешка“ и инсистираше на тоа дека Стокхолм нема да ја промени својата долготрајна поддршка на кандидатурата на Турција за ЕУ. (Милијет, Хуријет, Сабах, Заман - 12/03/10; ББС, АП - 11/03/10)