11/03/2010
СТРАЗБУР, Франција -- Претставниците на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур, му ветија на косовскиот министер за надворешни работи, Скендер Хисени, дека неговата држава наскоро ќе добие патоказ и временска рамка за исполнување на критерумите за визната либерализација со ЕУ. Министерството за надворешни работи во Приштина во средата (10-ти март) рече дека претставниците на ЕП го увериле Хисени дека земјите-членки на ЕУ кои не го признале Косово, нема да го попречат неговиот процес на визна либерализација. (Зери, Лајм, Експрес, Епока е Ре - 11/03/10)