11/03/2010
ПРИШТИНА, Косовo -- КФОР ги обнови односите со Косовските безбедносни сили (КБС) по скоро една недела тензии, објавија во средата (10-ти март) силите предводени од НАТО. КФОР ги прекина врските велејќи дека КБС го прекршиле својот статут на невооружена организација изложувајќи оружје за време на прославата на годишнината од отпорот на косовските Албанци против српските сили. КФОР вели дека е постигнат нов договор со кој церемонијалната единица на КБС може да носи оружје на однапред договорен начин. (Косова Сот, Коха Диторе - 11/03/10; Кохавижн, РТК, ТВ 21, Косова прес - 10/03/10)