11/03/2010
TИРАНА, Албанија -- Парламентарната комисија во средата (10-ти март) усвои предлог-закон за Државната разузнавачка служба (ШИШ), кој, ако биде усвоен, ќе му даде на премиерот повеќе овластувања да одлучува за соработката со странските разузнавачки служби. Предлог-законот, исто така, предвидува дека ШИШ нема да има полициски или воени задачи. Целиот состав на парламентот ќе расправа за предлог-законот следната недела. (Лајмифундит, Топ ченал, Вижн +, Клан - 10/03/10)