11/03/2010
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Министерот за безбедност, Садик Ахметовиќ, и шефот на делегацијата на Европската комисија (ЕК) во БиХ, Димитрис Куркулас, отворија нов граничен премин меѓу БиХ и Црна Гора во средата (10-ти март). ЕУ одвои 2,6 милиони евра за изградбата и одржувањето на преминот Клобук. Властите велат дека истиот треба да ја зајакне безбедноста и царинската контрола. (РТРС, Срна, БХРТ, Независне новине - 10/03/10)