11/03/2010
ХАГ, Холандија -- Поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ во средата (10-ти март) поднесе жалба против одбивањето на Трибуналот на ОН за воени злосторства на неговото судење. Караџиќ сега бара од апелационата комисија да го одложи неговото судење до 17-ти јуни, што вели дека ќе му го даде на неговиот тим потребното време за да ја подготви неговата одбрана. По другите одложувања, тој го даде воведниот збор претходно овој месец, но побара од судот да почека до јуни за сослушувањето на првите сведоци на обвинителството. Рочиштата се одложени во очекување на жалбената постапка. (Дневни аваз, Фена, Танјуг - 10/03/10)