11/03/2010
ЛОНДОН, Велика Британија -- Судот во Лондон во четвртокот (11-ти март) го ослободи поранешниот член на претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Ејуп Ганиќ со кауција, во очекување на процедурата на екстрадиција закажана за 29-ти март. Србија испрати барање за негова екстрадиција, според претставникот на Министерството за правда, Слободан Хомен. Ганиќ беше уапсен на 1-ви март на лондонскиот аеродром Хитроу, врз основа на потерницата што ја издаде Белград. Србија го бара во врска со нападот од мај 1992 година во Сараево, врз конвој на Југословенската народна армија, при кој загинаа повеќе од 40 војници. (ББС, АФП, ДПА, АП - 11/03/10; Бета, Танјуг, РТС, Б92 - 10/03/10)